| Инсталирање на Линукс софтвер |
|
|
|
| Напишано од Hristijan |
| Вторник, 28 Јули 2009 21:51 |
|
Превземање на софтвер од веб страна. Најпрво од се, треба да го најдете пакетот кој сакате да го инсталирате. Можете да најдете софтвер буквално за сите ваши потреби, игри, плеери за музика и филм, текст едитори, развојни алатки и сл. Откако ќе го најдите посакуваниот пакет, одите во download секцијата. Таму би требало да најдете неколку видови на пакети со различни екстензии како на пример rpm, deb и други. Ова значи дека тие пакети се наменети за различни дистрибуции на линукс. Треба само да ја одберете правилната дистрибуција која ја имате инсталирано на вашиот компјутер. Постојат голем број на линукс дистрибуции ( премногу ! ), затоа во овој дел ќе ги покриеме само RedHat/Fedora Linux, Debian и нивните верзии ( Ubuntu, Yellow, Dog .. ). Значи ако користите Red Hat или Fedora линукс, треба да превземате фајлови со екстензија .rpm, додека ако користите Debian ќе морате да превземате .deb фајлови. Сигурно ќе забележите дека превземањето на овие пакети е многу брзо затоа што тие се мали ( обично потребни се само неколку секунди доколку имаме broadband интернет конекција ) па ќе се запрашате како е можно толку мал фајл да содржи некоја програма. Да, не е можно. Тие фајлови само содржат информации кои вашата верзија ги користи за превземање бинарните фајлови. Ајде да се позанимаваме со командната линија и да инсталираме некоја програма ! Отворете го терминалот. На почетокот да појдеме на десктопот cd ~/Desktop • За Red Hat • За Debian и верзиите на Debian:
Друг начин за инсталирање на софтвер под линукс е користењето на менаџерот за пакети. Скоро сите линукс дистрибуции доаѓаат со програмот Synaptic Package Manager, кој е доста едноставен за користење. Внесете го во Search името на програмата која ја барате, одберете ја програмата, означете за инсталација и кликнете на Apply. За оние кои користат Red Hat , можат да ја користат "Package Management" алатката за инсталирање на софтвер, која всушност е GUI . Ви овозможува пребарување на голем број на програми кои треба само да ги одберете и да кликнете Update за да се инсталираат. Бришење на софтвер Некогаш ќе имате потреба за бришење на софтверот кој некогаш сте го инсталирале. Тоа можете да го направите на два начини ; или да го користите GUI менаџерот за пакети или пак да го користите терминалот. Ќе ви објаснам како се прави тоа преку терминалот. • RedHat • Debian |
| LAST_UPDATED2 |




Едно од најчесто поставуваните прашања кај новите корисници на линукс е како да инсталираат нов софтвер. Скоро сите Windows програми ни доаѓаат со лесен, пријателски интерфејст за инсталација.